Роналдо полнеше батерии во Грција, а вработените од хотелот каде тој престојуваше се офајдија од неговиот бакшиш

by
1 минути читање

Кристиано Роналдо
потпиша за Јувентус, па така, после цели девет години минати во дресот на Реал
Мадрид, каде забележа големи успеси во својата кариера, од новата сезона ќе го
гледаме во нов клуб.

Португалецот беше
на одмор во Грција, поточно на Пелопонез, во луксузниот ресорт „Коста Наварино“,
па излезе една доста интересна пикантерија врзана со неговиот тамошен престој.

Дел од медиумите
на Островот пренесуваат дека при неговата одјава од луксузниот хотел оставил
бакшиш од неверојатни 20.000 евра, го замолил менаџерот на хотелот рамномерно
да ги распредели на сите вработени, а очигледно бил задоволен од услугата во
истиот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×