Клоп во проблеми: Ќе биде „бонус“ ако воопшто го видиме на теренот оваа сезона

by
1 минути читање

Алекс Окслејд
Чемберлејн се повреди во првата полуфинална пресметка од Лигата на шампионите против
Рома, а таа повреда е до толку сериозна што во таборот на тимот од Енфилд велат
дека би било „бонус“ доколку го видат пред крајот на претстојната нова сезона.

Сметаме дека ова
е адекватен момент да објавиме тоа што го знаеме практично од денот кога се
повреди, а што се потврди на денот на операцијата од реваншот против Рома.
Операцијата беше успешна и од тогаш па наваму се
се одвива според планот, но, наредната сезона
имаме дознаење дека тој нема да може да ни помогне во поголемиот дел, ќе биде бонус
доколку воопшто го видиме на теренот пред крајот на сезоната
“ издвои Клоп.

Чемберлејн
минатото лето беше доведен во Ливерпул за 40 милиони фунти од редовите на
Арсенал, неговиот почеток беше тежок, но подоцна се адаптираше под кормилото на
Клоп и се покажа како одлично засилување за Ливерпул.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×