Алисон летна за Ливерпул, но „Црвените“ не застануваат тука и подготвуваат нов голем трансфер

by
1 минути читање

Вицешампионот на Европа ќе го добие најскапиот голман во историјата, Алисон Бекер го испразни шкавчето во соблекувалната на Рома откако денеска двата клуба си подадоа рака за зделка вредна 75 милиони евра.

Тој попладнево беше забележан на аеродромот Чампино и треба да летне за Ливерпул на лекарски прегледи.

„Сакам да им се заблагодарам на фановите на Рома, жалам момци, ќе кажам повеќе за некој ден“ – рече Бразилецот за Скај Италија.

Но „Црвените“ најверојатно нема да застанат тука. Попладнево се појавија информации дека Ливерпул има нов обид да го донесе и Набил Фекир. Минатиот месец се беше договорено со Лион, но зделката пропадна во последен момент откако клубот од Енфилд виде нешто сомнително на лекарските прегледи.

Се чинеше дека Французинот е минато откако беше донесе Џердан Шаќири од Стоук, но Јирген Клоп доби вести дека Алекс Окслејд Чемберлејн ќе ја пропушти целата сезона 2018/19 поради повреда, па можно е ова да ги натере „Црвените“ одново да тропната на вратата на Лион.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани