Баерн го продава Тиаго Алкантара, Шпанецот сака трансфер само во еден клуб

by
1 минути читање

Нико Коваќ
планира да направи доста промени на Алианц Арена ова лето и веќе дал зелено
светло за продажба на четворица играчи, помеѓу кои и Тиаго Алкантара.

Според пишувањата
на Билд, 27 годишниот Шпанец е најблиску до Барселона. Новиот тренер на Реал
Мадрид, Хулен Лопетеги е заинтересиран за фудбалерот од средниот ред, но самиот
Тиаго Аклантара побарал да биде продаден на „Каталонците“.

Се шпекулира дека
„Баварците“ бараат 70 милиони евра за играчот за кој пред пет години токму на
Барселона и платија речиси три пати помалку, односно 25 милиони евра.

Шампионот на
Шпанија сепак не е подготвен да плати 70 милиони евра за фудбалер кој
потекнува од нивната школа. Исто така, Барселона преговара со уште неколу
играчи како Френки де Јонг од Ајакс и Адриен Рабио од ПСЖ, кои чинат неколку десетици милиони помалку.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани