Алисон Бекер соопшти дека потпишал за Ливерпул, но…

by
2 минути читање

„Црвените“ се во
потрага на нов голман по двете катастрофални грешки на Лорис Кариус во финалето од
Лигата на шампионите и нивниот избор падна на Алисон од Рома.

Јирген Клоп нема
да штеди за да го донесе Бразилецот на Енфилд и вчера пристигна потврда дека
Алисон Бекер потпишал.

Но тоа беше само
добар „трол“ од актерката Алисон Бекер која има исто име и презиме со голманот
на „Римската волчица“.

„Можам да
соопштам дека ќе бидам нов голман на Ливерпул“
– напиша на Твитер актерката од
САД и насамари доста навивачи.

Сепак, фановите
би можеле наскоро да добијат потврда за трансфер на правиот Алисон Бекер. Неколку ивори од
„Островото“ и Италија велат дека Ливерпул во вторникот испратил понуда до Рома вредна 70
милиони евра, која веднаш потоа била покачена на 75 милиони евра и била прифатена.

Сега двата клуба ги договараат деталите, односно начинот на кој ќе биде платена оваа сума и структурата на бонусите. Се говори дека „Црвените“ веќе прават планови за медицинските прегледи на Бразилецот и официјална потврда ќе стигне во скоро време.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани