128
Хулен Лопетеги го
добива првото големо засилување, од Франција пристигнуваат информации за
трансфер на Тибо Куртоа во Реал Мадрид.
Според Радио
Монте Карло, „Кралевите“ и Челси си подале рака за зделка вредна 35 милиони
евра. Белгијанецот има само уште една година од договорот па затоа „Сините“
прифаќаат толку ниска понуда од шампионот на Европа.
Тибо Куртоа сака
да се врати во главниот град на Шпанија бидејќи неговите деца живеат таму и по
крајот на настапот на Светското првенство најави дека може да го напушти
Стемфорд Бриџ ова лето.