630
И покрај тоа што
Реал Мадрид испрати деманти, медиумите се убидени дека „Кралевите“ сакаат во
своите редови ова лето да донесат барем еден од Нејмар и Килијан Мбапе.
Но судејќи според
зборовите на директор од Паркот на Принцовите, „Кралевите“ можат да заборават на Бразилецот и Французинот.
„Нејмар реши да
остане во ПСЖ“ – вели Луис Фернандез. „Сака да забележи успех по
разочарувачкиот настап на Светското првенство. Мислам дека сака да освои титули
со ПСЖ“.
„Ќе остане и
Мбапе, самиот веќе кажа. Сигурен сум 100%. Сака да ја освои Лигата на
шампионите со ПСЖ“.