Барселона се пофали со приходи за кои другите клубови можат само да сонуваат

by
1 минути читање

Клубот од Камп
Ноу сезоната 2016/17 ја заврши со рекорден приход од 708 милиони евра, но само
12 месеци подоцна границата одново е померена, и испишана е нова историја. Доцна вечерва Барса соопшти дека за
сезонаа 2017/18 е забележан приход од фантастични 914 милиони евра, најголем во историјата.

Но за ваквите
бројки голема заслуга има Нејмар, кој во клупската каса донесе 222 милиони евра
по преселбата во ПСЖ.

Неговиот трансфер
придонесе „Каталонците“ да го одврзат ќесето и да трошат како никогаш претходно
(за Дембеле платија 105 милиони евра, за Кутињо 120 милиони евра) а тоа
придонесе и трошоците да бидат на рекордно ниво од 882 милиони евра.

Кога се ќе се
удри конечниот есап, Барса има скромна добивка од 13 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани