Конте им се заблагодари на сите во Челси освен на раководството и Абрамович

by
1 минути читање

Антонио Конте и Челси се разделија неславно, па италијанскиот стратег го изостави раководството на клубот и Роман Абрамович од соопштението за збогум.

„Би сакал да им се заблагодарам на сите мои пријатели во Челси за нивната напорна работа и поддршка во изминатите две сезони која ни овозможи да ја освоиме Премиерлигата и ФА Купот заедно“, пишува Конте во соопштението.

„Им благодарам на фудбалерите, нивниот талент и посветеност беше многу важна за нашиот успех им благодарам за се. Беше задоволство да се работи со нив секој ден“.

„Му благодарам на мојот срушен штаб кој секогаш работеше многу напорно, им благодарам за нивниот професионализам и посветеност во работата“.

„Уживав во моето време во Англија и Лондон, сакам да им се заблагодарам на фановите на Челси кои беа неверојатни со мене и со мојата фамилија“.

„Беше фантастично за мене да ги поделам моите емоции, пасија и ентузијазам во овие изминати две години со неверојатните навивачи на Челси кои секогаш ќе останат во моето срце“.

„Се надевам дека Челси ќе продолжи да биде успешен и им посакувам се најдобро во наредната сезона. Направив спомени за време на мојот период во Челси кои ќе ги однесам со мене на следниот предизвик“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани