Денес е денот на
Кристијано Роналдо во Јувентус. ЦР7 утрово се упати во медицинскиот центар на
„Старата Дама“ на редовни лекарски прегледи. Откако успешно ги помина
тестовите, лидерите на клубот му приредија тура низ тренинг центарот.
Португалецот
влезе во соблекувалната на „Бјанконерите“ каде го начека само Миралем Пјанич. Тој
потоа се сретна и со тренерот Макс Алегри како и со Џорџо Киелини, со кого
водеше неколку непоштедни битки.
За 18:30 е закажана прес конференцијата на која
Кристијано Роналдо ќе биде презентиран како ново засилување за Јувентус.
Piacere di conoscerti, @Cristiano!
Il dietro le quinte dell’incontro con i nuovi compagni e il nuovo Mister al JTC. #CR7DAY #CR7JUVE pic.twitter.com/IQgdm212Zw
— JuventusFC (@juventusfc) July 16, 2018