Штрајкот во ФИАТ поради Роналдо е целосно фијаско, штрајкувале само петмина!

by
1 минути читање

Тифозите на
„Старата Дама“ полудеа по веста за пристигнување на Кристијано Роналдо, но
рекордниот трансфер не им се допадна на сите. Вработените во ФИАТ се
чувствуваат запоставено бидејќи долго време немаат покачување на платата а сега
гледаат како нивната компанија помага за реализација на зделката од 112 милиони
евра, како и платата од 30 милиони евра по сезона на Португалецот.

Па независен
синдикат најави штрајк во фабриката на Фиат Крајслер автомобили во Мелфи.
Штрајкот започна во 22 часот во неделата и треба да трае до 6 часот наутро во
вторник, но веќе е осуден на пропаст.

Како што
пренесуваат медиумите, вчера во ноќната смена штрајкувале само петмина од 1.500
вработени, а слична била ситуацијата и утрово, кога само петмина од 1.700 вработени во првата
смена решиле да штрајкуваат.

Штрајкот се
поклопи со пристигнувањето на Кристијано Роналдо, кој од вчера е во Торино. Португалецот
утрово ги помина редовните прегледи, а пред медицинскиот центар на Јувентус го
чекаа околу 2.000 навивачи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани