139
Брзо откако Челси објави дека Маурицио Сари ќе биде нов тренер на тимот, излезе со соопштение за ангажман на Жоргињо кој стави потпис на петгодишен договор со клубот.
Жоргињо кој ќе го носи дресот со број пет беше еден од најдобрите играчи на Наполи изминатата сезона и треба да претставува големо засилување.
„Возбуден сум што доаѓам тука во Челси, не е лесно да бидеш дел од толку голем тим, па многу сум среќен што ќе играм во Премиерлигата и тоа за тим кој дава се за да победува“, изјави Жоргињо.