BET-IBC совети за обложување: Белгија против Англија како загревање за утрешното финале

by
4 минути читање

Агентот за големи облози во Азија и овој ден со неколку предлози ќе ви помогне да се одлучите што
да одиграте.

Белгија –
Англија: Над 2,5 погодока

Во пресрет на
утрешното големо финале, во Санкт Петербург силите ќе ги одмерат Белгија и
Англија. „Ѓаволите“ и „Трите лава“ ќе треба да ја заборават разочараноста од поразите
во полуфиналето, да се обидат да стигнат до бронзата и колку толку со исправени
глави да си заминат од Русија. Овие две репрезентации веќе се сретнаа во
групната фаза во меч кој беше прилично чуден бидејќи тимот кој ќе загубеше на
хартија добиваше полесна рута до завршницата. Белгија тогаш се реши да не тактизира и
славеше со 1-0, резултат кој ја однесе во левата страна од ждребот и
четвртфинале со Бразил. Избраниците на Мартинез покажаа дека имаат капацитет за
златото откако го фрлија на колена првиот фаворит за титулата, но потоа
загубија од цврстата и силна Франција во полуфиналето. Англија пак по поразот
отиде во полесниот дел од ждрепката, ја совлада Колумбија во осминафиналети а
слевше и против Шведска во четвртфиналето. Со оглед на тоа дека противник во полуфиналето
им беше Хрватска, фановите почнаа да сонуваат за насловот светски шампион. Но најавите
дека „фудбалот се враќа дома“ не се реализираа и покрај тоа што „Трите Лава“
одлично го отворија мечот и рано поведоа. Избраниците на Саутгејт во второто
полувреме и продолженијата не прикажаа ништо па сега ќе мора да се тешат со
натпреварот за трето место. За очекување е да има промени во составите на двете
репрезентации. Киран Трипер е под голем прашалник поради повреда на
препоните, а одмор би можеле да добијат и Џордан Хендерсон, Кајл Вокер и Ешли
Јанг. Мунје го прескокна полуфиналето против Франција поради суспензија но се
очекува да се врати во стартниот состав. Ромелу Лукаку би можел да се најде на
клупата за резерви а на негово место во форот шанса да добие Миши Батшуаји. Јанузај,
кој го реши првиот меч помеѓу Англија и Белгија, исто така е опција за настап од првата минута. Со оглед на тоа дека овој меч речиси никој нема да го
памети по утрешното финале, би требало двата тима да имаат поофанзивен пристап
и да ја забавуваат публиката со добар фудбал и погодоци. На последните пет меча
за бронзата секогаш било така, на сите пет имало најмалку три погодоци, а на
четири од последните пет се треселе двете мрежи.

Допрете го врвот
и обложувајте се без лимит и со облози на високи суми во Азија.

Митјиланд –
Архус: Победа на домаќинот

По летната пауза,
започнува новиот шампионат на Данска. Во првиот натпревар од воведното коло, шампионот
Митјиланд го пречекува Архус. Домаќините беа прилично активни на трансфер
пазарот но стартниот состав останува речиси истиот од минатата сезона. Архус пак
беше доста тивок кога е во прашање настапот на трансфер пазарот и слободно
може да се каже дека нивниот состав е послаб во споредба со оној од минатата
сезона. Си заминаа двајца стандардни првотимци, исто како и неколку играчи кои
добиваа шанса од клупата за резерви а донесен е само голманот Оскар Ваљеј. За
почетокот на сезоната, гостите исто така нема да можат да сметаат на уште
двајца стартери од минатата сезона, кои неодамна почнаа да тренираат по
повредите но се уште не се во полн фитнес. Архус забележа тежок пораз на
гостувањето кај Митјиланд минатата сезона, загуби со 4-0, а ништо поуспешни не
беа ниту на дуелот пред своите фанови, каде беа поразени со 3-0. Митјиланд и
Архус одиграа и еден тест меч минатиот месец, шампионот на Данска и овој го
реши во своја корист со победа од 3-1 и тоа со пресврт во вториот дел откако на
полувреме губеше со 0-1. Па сосема очекувано домаќините влегуваат како големи
фаворити на овој меч и за очекување е да ја стартуваат одбраната на титулата со
три бода.

Дали барате место
за да ставите облози на некој од погоре наведените натпревари? Или можеби на
сите од нив? Сега имате можност за добитни облози во Сингбет без неважечки со
BET-IBC.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани