Медиумите од Аргентина пренесуваат за голем испад на Меси во репрезентацијата: Да не ти се повтори ова…

by
2 минути читање

Аргентина
разочара во Русија, едвај ја помина групата и испадна веќе во осминафиналето каде загуби од Франција со 4-3. Очигледно беше дека нешто не „штима“ во
редовите на „Гаучосите“ кои на секој меч настапуваа со нова формација, поставеност и играчи, па одново станаа актуелни сториите дека Лео Меси е тој
кој кажува кој да игра а не селекторот Хорхе Сампаоли.

Весникот Кларин
сега пишува за два инциденти кои се случиле оваа година, еден непосредно пред
тешкиот пораз од Шпанија од 6-1 во март. Неколку дена пред овој меч, додека
репрезентацијата на Аргентина се подготвувала во тренинг комплексот на
Манчестер Сити, еден од асистентите на Хорхе Сампаоли, Себастијан Бекасесе му пришол на Лео Меси да му даде инструкции.

Додека тој
разговарал со Меси и му кажувал на играчот да корегира одредени работи за кои сметал
дека ги прави погрешно, го допрел по рамо. Според Кларин, на Лео не само што не
му се допаднале замерките, збеснал и поради гестот на Бекасесе, па му кажал на
Хорхе Самаполи дека вакво нешто не смее да се повтори.

Вториот инцидент
покажува какво е влијанието на Лео Меси врз изборот на составот. Кларин вели
дека Лео разговарал со Самаполи и барал да не играат Федерико Фазио и Џовани Ло
Селсо, и му посочил кои се слабостите на овие двајца играч. Фазио го одигра
само второто полувреме против Франција, додека пак Ло Селсо не одигра ниту една
минута

Кларин има
теорија зошто Меси не го сакал фудбалерот на ПСЖ во составот, наводно Ло Селсо
го посрамотил Лео кога играле фудбал тенис на еден тренинг. Но извори блиски
до ѕвездата на Барса го демантираат ова.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани