За три месеци Англија и Хрватска ќе играат нов меч и тоа зад затворени врати

by
1 минути читање

Англија доживеа болен пораз од Хрватска во полуфиналето на Светското првенство во Русија, водеше со гол на Трипие, но Хрватите со пресврт победија и се пласираа во финале.

Наскоро Англија повторно ќе игра против Хрватска и тоа зад затворени врати.

На 12. октомври во Ријека играат Хрватска и Англија во рамките на новото натпреварување на УЕФА, Лига на нации. 

Поради кукастиот крст кој се појави на тревата на мечот меѓу Хрватска и Италија во 2015 година, Хрватите добија казна од УЕФА да играат два натпревари без публика. Поради тоа Хрватска и Англија пред празни трибини ќе ги одмерат силите.

Каков и да е резултатот од овој меч Англија не може да се одмазди, бидејќи важноста на дуелот кој го добија Хрватите е неспоредлива со тој што ќе се игра во октомври, но барем ќе можат да се утешат.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани