Во вторникот, Реал Мадрид и Јувентус официјално ја потврдија зделката со која Кристијано Роналдо по девет години поминати на Сантијаго Бернабеу се пресли во Торино.
Најголемиот дел од играчите на Реал Мадрид веднаш се збогуваа од ЦР7, но изостана порака од Марсело, кој е негов добар пријател, и за кого се говори дека може да му се приклучи во Јувентус.
Бразилецот сепак утрово се огласи на социјалните мрежи и имаше емотивен пост на Инстаграм.
„Кој би помислил, нели Крис? Време е да ти кажам збогум… Ти се колнам, никогаш не помислував дека ќе дојде овој ден, но ништо не е вечно во животот и се надевам дека ќе бидеш многу среќен во новата авантура. Поминавме речиси 10 години заедно, 10 години исполнети со среќа, добар фудбал, победи, порази и прекрасни моменти. Научив многу од тебе, твојата посветеност е најчудната работа што сум ја видел кај некоја атлета. Ти посакувам се најдобро тебе и на твоето семејство. Ќе ми недостасуваат разговорите пред натпреварите кога точно го прогнозираше резултатот и смиреноста која ни ја даваше пред финалињата со твоето искуство и поддршка. Горд сум што играв со тебе, но не поради тоа што си најдобриот фудбалер во светот, туку поради личноста која си. Кога ќе се пензионирам, ќе седнам на пиво и ќе ги раскажам нашите приказни и ќе ги споделам нашите фотографии. Засекогаш искрен М12“ – гласеше пораката на левиот бек.