Усеин Болт има голема желба да стане професионален фудбалер. Откако крена раце од атлетиката, сега се обидува да ја проба најпопуларната игра.
Тој е голем фан на Манчестер јунајтед, тренираше неколку дена со Борусија Дортмунд, а сега играше на пријателски меч за норвешкиот Стромсгодсет.
Болт го носеше дресот со број 9,58, времето кое го истрча на 100 метри и кое е светски рекорд.
Неговиот тим загуби со 1-0, а тој не импресионираше на теренот. 31-годишниот Болт не се снаоѓаше најдобро, па ќе треба да почека на некоја нова шанса да покаже што нешто подобро.
„Сакам да му заблагодарам на клубот за довербата, се чуствував одлично. Ќе ги следам резултатите на Стромсгодсет во иднина, ќе проверувам кој ги дал головите. Им благодарам на сите, уживав“, изјави Болт по мечот.
Погледнете како изгледаше дебито на Болт: