58
Напаѓачот на
минатогодишниот англиски првак Челси, Алваро Мората во моментов се наоѓа на
одмор во Италија, а тамошните медиуми пренесуваат дека неговото враќање во
Серија А е се поизвесно дека ќе се случи ова лето.
Јувентус е
очигледно најдобрата опција за Шпанецот, а тој се поврзуваше и со трансфер во
Милан изминатиов период, но, наводно тој не сака да се приклучи во составот на Росонерите.
25 годишниот
Мората има важечки договор со Челси до 2022. година, но извесно е дека тој ќе
го напушти тимот од Лондон уште во овој летен преоден рок.