Официјално: Лихштајнер потпиша за Арсенал

by
1 минути читање

Арсенал почна да го создава тимот под водство на Емери, првото засилување е десниот бек Стефан Лихштајнер.

Англискиот клуб преку својот сајт го потврди ангажманот на Лихштајнер кој ќе го носи дресот со број 12.

„Стефан носи големо искуство и лидерство во нашиот состав. Тој е фудбалер со голем квалитет и многу позитивно и посветено однесување. Стефан ќе биде засилување за нас и на теренот и надвор од него“, изјави Емери за офицјалниот сајт.

Лихштајнер во Италија се пресели во 2008 година кога пристигна во Лацио со кој го освои Купот на Италија и Суперкупот, по три години се пресели во Јувентус со кој секоја од седумте сезони го освојуваше Скудетото.

Десниот бек ќе игра за Швајцарија на Светското првенство во Русија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани