147
Франција веќе
врза три победи во низа во подготвителниот период за Светското првенство во
Русија кое се одржува идниот месец, но, очигледно дека фудбалерот на Манчестер
јунајтед, Пол Погба, речиси и да го загуби местото во првиот состав кај Дидје
Дешам.
Погба дури и доби
свирежи од трибините од победата против Италија, а тој возврати на критиките на
јавноста, правејќи споредба дури и со Меси.
„Зошто не го
критикувате Меси кога шета по теренот, јас секогаш играм на овој начин, кога
победував и кога ме фалевте играв на ист начин, тоа е мојот стил“ вели Погба.
„Кога Меси ќе
постигне три гола, не зборувате за тоа како се шета по теренот“ додаде
Французинот.