Пелегрини прави напаѓачка револуција во Вест Хем, се преговара со ѕвезда на ПСЖ

by
1 минути читање

Вест Хем е во
преговори со францускиот првак ПСЖ за нивниот фудбалер Хавиер Пасторе, а од тоа
што е познато, и го пренесува „Скај Спортс“, се вели дека Аргентинецот имал
високи барања до Премиерлигашот.

Информациите кои
пристигнуваат од Островот велат дека Пасторе бара неделна плата од 119 илјади
фунти, но, и покрај тоа Чеканите и натаму останаа во преговорите за
офанзивецот.

Се шпекулира дека
доколку падне договор, Вест Хем ќе издвои за него 17,5 милиони фунти, а ПСЖ не
би имал ништо против со оглед на тоа што мора да исполни одредени услови за да
го испочитува финансискиот ферплеј на УЕФА.

Пасторе има уште
една година од својот договор со ПСЖ каде постигн 45 голови на 265 натпревари.

При преземањето
на кормилото, Мануел Пелегрини им вети на фановите на Вест Хем напаѓачка
револуција, а тамошните медиуми пренесуваат дека тој има намера во клубот да
донесе петмина фудбалери ова лето.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани