Таткото на
дефанзивецот од редовите на Борусија Дортмунд, Сократис Папастатопулос во
изјава за грчката радио станица „24/7“ потврди дека неговиот син е веќе во
Англија во екот на шпекулациите поврзани со него.
„Тој е среќен, во
моментов е во Англија, денес (вторник) сите детали ќе бидат завршени. Во
Англија се игра фудбал на највисоко ниво во светот, најкомпетитивниот фудбал,
верувам дека добро ќе се снајде таму“ рече Караламбос Папастопулос.
Очекувањата се
денес Сократис да стави потпис на договорот со Арсенал, а тој го одбил
Манчестер јунајтед за да се пресели во редовите на Топчиите каде тренер во
моментов е Унаи Емери, кој го презеде кормилото во тимот од Арсен Венгер.
Договорот на 29 годишниот дефанзивец со Милионерите истекува идното лето, а Бундеслигашот наводно за него ќе добие обештетување во висина од 16 милиони евра.
Се шпекулира дека
опции за Арсенал се уште и Фелаини и Лихштајнер, а обајцата би можеле да
пристигнат во Лондон како слободни фудбалери на трансфер пазарот, од причина
што нивните договори истекуваат ова лето.