Рамос е виновен за киксовите на Кариус, голманот имал потрес на мозокот и не гледал убаво!

by
1 минути читање

Денеска неколку
извори пренесоа дека Лорис Карис неколку дена по финалето од Лигата на
шампионите заминал за САД на детални прегледи кај докторот Рос Зафонте, кој е
специјалист за спортски повреди на глвата.

Лекарскиот тим на
Ливерпул бил загрижен дека голманот заработил потрес на мозокот по дуелот со
Серхио Рамос, дефанзивецот со лакт го удри голманот во глава.

Болницата Масачусетс Џенерал од Бостон потврди дека на 31. мај бил извршен преглед и ги објави наодите откако на нивна адреса пристигнале еден куп
барања. Во соопштението кое беше објавено се вели дека по деталните испитувања и
прегледувања на случувањата од вечерта во Киев било утврдено дека Лорис Кариус заработил потрес на
мозокот.

Како резултат на
ова, голманот веднаш по сударот со Серхио Рамос не гледал убаво, или поточно
немал добра сопособност да процени каде се наоѓаат објектите во просторот, па
сето ова влијаело на неговите перформанси.

Едно вакво
соопштение во суштина значи дека Серхио Рамос е виновен за киксовите на
голманот бидејќи двете катастрофални грешки следа по инцидентот. Капитенот на Реал по натпреварот стана негативец во очите на фановите на
Ливерпул но и на цел Египет, откако Мохамед Салах се повреди токму по дуелот со
него.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани