543
Нејмар кон крајот
на февруари заработи незгодна повреда и фрактура на петата метатарзална коска
на десното стапало, па мораше да замине на операција.
Иако имаше
гласини дека тој ќе биде неизвесен за мундијалот во Русија, по пауза од 99
дена, Бразилецот вчера го имаше својот прв настап и со брилијантен гол потврди дека
ќе биде подготвен за Светското првенство.
По мечот на
Енфилд, фудбалерот на ПСЖ на Инстаграм стори сподели фотографија и покажа како
се го бандажира стапалото и зглобот за да не ја обнови повредата.