Кимих поради голема семејна трагедија нема да игра вечерва против Арсенал

by Стефан
1 минути читање

Џошуа Кимих нема да настапи за Баерн Минхен на вечерашниот дуел против Арсенал во Лигата на шампионите, откако германскиот репрезентативец се соочи со трагедија во најтесното семејство. Според објавените информации, починал неговиот 57-годишен татко.

Кимих не присуствуваше ниту на последниот тренинг на баварскиот тим во вторникот. Тогаш од клубот соопштија дека неговото отсуство е од приватни причини, а подоцна стана јасно дека станува збор за семејна трагедија.

Баерн преку соопштение на социјалните мрежи потврди дека 31-годишниот играч од средниот ред нема да биде во составот за натпреварот со лондонскиот клуб. Од германскиот гигант упатија сочувство до својот фудбалер и побараа да се почитуваат приватноста и тагата на семејството.

„Целиот ФК Баерн е со Џошуа Кимих и му изразува најдлабоко сочувство“, порачаа од клубот, истовремено апелирајќи јавноста да се воздржи од дополнителни истражувања и известувања за семејната загуба.

Засега нема информации кога Кимих би можел да се врати на терените.

Баерн и Арсенал ќе се сретнат вечерва од 21 часот на „Алијанц арена“ во дербито на вечерта во европската елита.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×