Весникот „Дејли Мејл“ објави дека „граѓаните“ ќе добијат жестока казна во форма на огромно одземање бодови и две сезони поминати во втора лига, а ќе платат и висока парична глоба.
Независна комисија го прогласи Манчестер Сити за виновен по сите обвинувања за прекршување на правилата за Финансиски фер плеј, па изминатиов период често имаше дискусии и гласени за тоа каква казна треба да добие клубот од „Етихад“.
„Дејли Мејл“, повикувајќи се на извори запознаени со случајот, вечерва објави дека „граѓаните“ ќе добијат жестока казна во форма на огромно одземање на бодовите, па испаѓање во втора лига ќе биде практично загарантирано.
Весникот додава дека Манчестер Сити исто така ќе плати и висока парична глоба, а и во втора лига ќе добие минус бодови, целта е две сезони да помине во Чемпионшип.
Било дискутирано исфрлање од Премиерлигата, односно „граѓаните“ да се најдат во четврта лига (Лига два), но едно вакво сценарио е малку веројатно бидејќи ќе предизвика хаос во ЕФЛ (Англиската фудбалска лига) и може да го наруши системот на натпреварување во повеќе лиги.