Седлоски со 3-5-2 формација тргнува против Шкотска, Барди се враќа во почетниот состав (ФОТО)

by Стефан
1 минути читање

Фудбалската репрезнтација на Македонија вечерва од 20:45 часот го игра натпреварот против Шкотска во третото коло од Лигата на Нации во „Б“ дивизијата, а на нешто повеќе од еден час познат е и составот за кој се одлучи нашиот селектор Гоце Седлоски.

Седлoски и за овој натпревар се одлучи да менува, па така капитенот Енис Барди сега се враќа во почетниот состав, а друштв средината му прават Лука Станкоски и Матеј Гаштаров кој беше една од нашите ретки светли точки во претходните дуели.

Во одбраната почнуваат Мелиќи, Младеновски и Муслиу, по страничните позиции се Херера и Илиевски, а во нападот Миовски и Елмас.

Македонија во овој дуел ќе бара излез од кризата бидејќи во овој момент сме во серијата од три порази, но исто така и Шкотска не е во најдобра форма бидејќи на последните четири средби Шкотланѓаните исто така имаат три порази и едно реми.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×