Партизан потклекна во финишот, прими два гола со играч повеќе и загуби од Хетафе! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Малку фалеше Партизан непоразен да се врати од гостувањето во Мадрид кај Хетафе, но црно-белите на крајот загубија со 1-3.

Хетафе одлично го почна мечот, поведе со гол на Унал уште во десетата минута.

До крајот на првиот дел Партизан успеа да израмни, Сек постигна гол за 1-1. Со тој резултат се замина на одморот.

Партизан можеше и да поведе, но ја погодија пречката од голот на Хетафе. А во 68. минута домаќините останаа со фудбалер помалку откако Абкар заработи втор жолт картон.

Како се ближеше мечот до крајот се чинеше дека Партизан нема да загуби, но во финишот Хетафе даде два гола.

Во 87. минута по една убава акција Гарсија даде гол за водство на Хетафе од 2-1, а конечните 3-1 ги постави Мојица во 90. минута.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×