Фудбалската репрезентација на Македонија до 20 години ќе биде дел од Медитеранските игри каде што ќе се натпреварува во група со: Мароко, Тунис и Турција, а селекторот Александар Таневски денеска го објави списокот на повикани фудбалери за ова натпреварување.
Во Таранто Македонија првиот натпревар ќе го игра на 22 август против Тунис два дена подоцна следи дуелот со Турција и на крајот од групната фаза на 26 август ќе се соочиме со Мароко.
Голмани: Стефан Јованоски (Млада Болеслав), Чешка, Давид Илоски (Пелистер);
Одбрана: Златко Радески (Тетекс), Адис Мурати (Башкими), Давид Голубов (Детонит), Лука Атанасовски (Тетекс), Андреј Велков (Тиквеш), Андреј Мурџески (Скопје);
Среден ред: Омар Беровиќ (Скопје), Никола Манојлов (Силекс), Виктор Делов (Беласица), Емир Шаботиќ (Детонит), Харун Незировски (Хелсинборг);
Напад: Димитар Данев (Вардар), Салим Арифи (Митровица), Марко Николовски (Охрид Лихнидос), Давид Матески (Охрид Лихнидос), Андреј Стојановски (Скопје);