Тетекс и Работнички нема да играат викендов, натпреварот е одложен поради Медитеранските игри

by Стефан
0 минути читање

Натпреварот меѓу Тетекс и Работнички, кој требаше да се одигра во рамките на второто коло од Втората македонска фудбалска лига, е одложен.

Причината е барањето на тетовскиот клуб за поместување на дуелот, бидејќи двајца негови фудбалери ќе бидат дел од македонската делегација на Медитеранските игри во Таранто.

Сега останува Фудбалската федерација на Македонија да го одреди новиот термин за одигрување на средбата.

Работнички одлично ја започна сезоната и во првото коло со убедливи 3-0 го совлада Кожуф. Тетекс, пак, на стартот одигра нерешено 1-1 против Македонија Ѓорче Петров.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×