Газдата на Милан лично преговарал за ангажман на засилување од Реал Мадрид

by bojan
1 минути читање

Фабрицио Романо објави дека газдата на Милан, Гери Кардинале лично се обидел да го ангажира Ендрик од Реал Мадрид, но засега добил негативен одговор.

„Росонерите“ со помош на агентот Жорж Мендеш реализираа две големи зделки без многу галама, на „Сан Сиро“ веќе пристигнаа Гонсало Рамош од ПСЖ, а на пат е и Диего Мореира од Страсбур.

Во намерата да се креира што е можно посилен тим свој допринос дал и газдата Гери Кардинале, кој лично се обидел да го ангажира Ендрик од Реал Мадрид, па стапил во контакт со „кралевите“ и луѓето кои го застапуваат Бразилецот.

Тој се распрашувал за можноста Ендрик да пристигне во Милан на позајмица, но засега добил негативен одговор. Жозе Мурињо смета на напаѓачот, а и Ендрик сака да се бори за место во тимот.

Сепак, овој потег на Гери Кардинале може да биде подготовка на терен за трансфер во иднината, односно доколку Ендрик не добива доволно минути во следните месеци, позајмица во јануари повторно да стане опција.

ФОТО: X/Real Madrid C.F.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×