Шкупи е во долгови, бара помош од скопски бизнисмени

by riste
1 минути читање

Фудбалскиот клуб Шкупи излезе со соопштение во кое бара помош од бизнисмени за да го извадат клубот од долговите кои се наталожени од претходното раководство.

Шкупи лошо ја стартуваше сезоната во Втората лига, на свој терен загубија од Детонит со 0-2. Навивачите се плашат да не испаднат и од второто по ранг натпреварување, па клубот бара финансиска помош за да ја преброди кризата.

Соопштението на Шкупи ви го пренесуваме во целост:

„Почитувани бизнисмени од Скопје,

Нашиот клуб поминува низ многу тежок период. По преземањето на клубот од претходното раководство (сопственост), наследивме многу долгови и наталожени проблеми. Сепак, веќе започнавме сериозен процес за стабилизација и закрепнување на клубот.

За иднината на ФК Шкупи, потребни ни се луѓе и бизниси кои веруваат во овој клуб и се подготвени да бидат дел од нашето патување.

Многу брзо ќе започнеме со рекламите низ целиот стадион, додека на новите дресови ќе бидат поставени логоата на спонзорите кои ќе застанат до клубот во овие тешки денови.

Како раководство на клубот, ви гарантираме 100% транспарентност во секоја соработка. Секој бизнисмен што сака да инвестира и да му помогне на ФК Шкупи ќе биде добредојден.

Шкупи е на сите. Сега е време да се обединиме и да го вратиме клубот таму каде што заслужува!“, стои во соопштението на Шкупи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×