Како што пренесува Кадена СЕР, Реал Мадрид одлучил да не носи засилување на средниот ред во последните денови од преодниот рок и покрај тоа што Жозе Мурињо побара ваков профил на играч.
„Кралевите“ требаа да го ангажираат Родри, но Шпанецот на крајот изненади и реши да се пресели во Барселона, во следните часови и официјално ќе го комплетира трансферот на Камп Ноу.
Самиот Жозе Мурињо порача дека сака уште еден фудбалер кој може да одигра на неколку позиции во средниот ред, а медиумите шпекулираа со Мартин Зубименди од Арсенал и Кис Смит од АЗ Алкмар.
Но како што пренесува Кадена СЕР, Реал Мадрид нема намера да доведе нов играч во средниот ред, па нема да се бара замена за Родри во последните две недели од преодниот рок.
Слична е ситуацијата и во одбраната, иако се разгледуваше можноста за ангажман на нов врвен стопер, Атлетик објави дека и оваа идеја е напуштена.
„Кралевите“ веќе имаат петмина играчи кои можат да ја покријат позицијата централен дефанзивец, а во случај на потреба тука може да помогне и Орелиан Чуамени.