Фудбалската федерација на Шкотска синоќа назначи нов селектор на нивната репрезентација, станува збор за белгискиот стратег, Себастиен Покоњоли.
Се работи за млад селектор кој уште нема 40 години. Последен клуб кој го водеше беше Монако.
„Шкотската фудбалска федерација со задоволство може да соопшти дека Себастиен Покоњоли е нов селектор на шкотскиот национален тим“, стои во соопштението.
Тој потпиша двегодишен договор со Шкотска и ќе ја води селекцијата во новото издание на Лигата на нации. Шкотска е во група со Македонија.
Во 2025 година Покоњоли беше прогласен за најдобар белгиски тренер.
Македонија ја пречекува Шкотска на 3 октомври од 20:45 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.