Ленс е освојувач на францускиот фудбалски Суперкуп откако со 1-0 го победи ПСЖ иако во огромен дел од натпреварот настапуваше со фудбалер помалку.
Единствениот гол на мечот беше дело на Таувин во 32. минута по една одлична акција на Ленс.
🚨 | GOAL
— Just Football (@JustFootball_20) August 16, 2026
LENS 1-0
LENS LEAD AND THUVAIN WITH THE GOAL!!#TrophéeDesChampions #RCLPSG pic.twitter.com/6mndGFfA5u
Само седум минути подоцна Ленс остана со фудбалер помалку откако Антонио доби директен црвен картон.
Ленс едно полувреме беше со десет фудбалери, но не и до крајот на мечот. Мендеш во 87. минута доби црвен картон, па силите во последните минути беа израмнети.
Фудбалерите на Ленс ги издржаа последните напади на ПСЖ и на крајот сосема заслужено слави за нив огромна победа.
ПСЖ по освоениот Европски Суперкуп, не успеа да дојде и до славје во домашниот.