84
Вандали за време
на големиот христијански празник Велигден искршиле дел од столчињата на
фудбалскиот стадион во Валандово, на второлигашот од Исток, ФК Победа.
Клубот а и
локалните жители го осудија овој настан, а клубот имаше и своја реакција на
социјалните мрежи, нудејќи и награда за секоја информација поврзана со тој
настан.
„Сторителот кој
ќе даде точна информација или открие кој е сторителот или сторителите на
срамниот чин на ФК Победа, ќе добие награда“ напишаа од клубот на социјалните
мрежи.
Фото: Фк Победа Валандово (Facebook)