Возиња пред Светското првенство барал клуб преку Инстаграм, објавени и пораките (ФОТО)

by Стефан
2 минути читање

Голманот на репрезентацијата на Зеленортските Острови, Возиња, до пред почетокот на Светското првенство беше речиси непознат за пошироката фудбалска јавност, а во обид да најде нов клуб користел и социјални мрежи.

До неодамна тој настапуваше за португалскиот второлигаш Чавес, но по истекот на договорот остана без ангажман и како слободен играч го дочека Мундијалот во САД.

Непосредно пред неговото заминување на турнирот, Возиња се обратил до поранешниот фудбалер Родни Штрасер со надеж дека ќе му помогне да најде нов клуб.

„Те чекав, но не кажа ништо. Знам дека имаш многу контакти, би сакал да играм уште една-две години. Зарем немаш некој што би можел да ми помогне? Може и Турција, дури и втора лига. Исто така, и втора лига Италија“, стоело во пораката на Возиња.

Штрасер, сепак, го советувал прво да настапи на Светското првенство, уверен дека добрите игри може целосно да му ја сменат кариерата.

„Му реков да оди на Мундијал и да го даде максимумот. Тој е премногу добар голман за да бара клуб на тој начин. Верував дека Светското првенство може да му ја промени кариерата и бев во право“, изјави Штрасер.

Тој додаде дека Возиња сега е еден од најзабележителните голмани на турнирот.

„За мене тој е најдобриот голман на Мундијалот, а сега е и еден од најследените во светот. Поуката е едноставна, никогаш не се откажувајте. Животот може да се промени преку ноќ“, порача Штрасер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×