Шкендија убедлива против Ренова, Скопје игра како препороден

by
1 минути читање

Шкендија ја прегази Ренова со убедливи 5-0. Радески и Шефити постигнаа по два гола, еднаш реализираше Емини.

Веќе одамна не е спорно дека Шкендија ќе биде новиот шампион, останува само теоретски да ја заверат титулата.

Но, хитот на пролетниот дел од сезоната е тимот на Скопје. Тие се уште се последни, но опстанокот веќе е реалност. Доколку се земат во предвид само резултатите од вториот дел од сезоната, тие се на второто место, веднаш зад Шкендија.

Денеска со гол на Алексовски во 33. минута Скопје триумфираше на гостувањето кај Победа со 1-0.

Академија Пандев и Вардар одиграа нерешено 1-1. Домаќините поведоа со гол на Константин Чешмеџиев во 50. минута, само три минути подоцна Максимов го изедначи резултатот.

Во првиот денешен меч со головите на Кировски и Џофри, Работнички го победи Силекс со 2-0.

Натпреварот помеѓу Шпкупи и Пелистер не се одигра поради труење со храна на гостинските играчи. Дуелот ќе биде презакажан.

Фото: ФК Шкендија

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани