Дарко Додев потпиша за клуб од Казахстан!

by Стефан
1 минути читање

Македонскиот репрезентативец Дарко Додев ја менува средината и кариерата ќе ја продолжи во Казахстан, каде што потпиша за прволигашот Алтај по разделбата со Силекс.

Додев зад себе има одлична сезона во дресот на кратовци, во која беше еден од клучните фудбалери во тимот што го освои Купот на Македонија. Во домашното првенство одигра 26 натпревари, постигна пет голови и запиша девет асистенции, додека во куп-натпреварувањето настапи четири пати, придонесувајќи со уште два гола и една асистенција.

Добрата форма му донесе и повик во македонската репрезентација за пријателските средби против Босна и Херцеговина и Турција. Токму на дуелот со Турците го запиша и своето деби во националниот тим, добивајќи шанса да одигра 24 минути.

За 26-годишниот офанзивец ова ќе биде втор интернационален предизвик во кариерата, откако претходно настапуваше и за албанска Влазнија. На домашната сцена, покрај Силекс, беше дел и од Металург, Тиквеш, Шкупи и Брегалница.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×