Комо направи огромен финансиски потег и плати околу 60 милиони евра за повторно да го обезбеди потписот на Нико Паз, откако Реал Мадрид претходно ја активираше клаузулата и го врати Аргентинецот за само 10 милиони евра.
Иако италијанскиот клуб плати висока сума за да го задржи еден од своите најдобри фудбалери, Реал Мадрид повторно се заштити во договорот. „Кралевите“ обезбедија еднострана клаузула според која ќе можат повторно да го откупат Нико Паз по завршувањето на сезоната 2026/27.
Во официјалното соопштение Реал потврди дека договорот е постигнат и по желба на самиот фудбалер, кој сака да остане во Комо и во сезоната 2026/27.
Паз блескаше минатата сезона во Серија А со 12 гола и седум асистенции, предводејќи го тимот на Сеск Фабрегас до историски пласман во Лигата на шампионите.