Стефан Јевтовски замина од Струга и тргна кон Индонезија

by 24 фудбал
1 минути читање

Македонскиот фудбалер Стефан Јевтоски ја заврши својата авантура во Струга Трим Лум и кариерата ќе ја продолжи во Индонезија, каде што потпиша договор со ПСМ Макасар.

Стружани официјално потврдија дека соработката со Јевтоски е завршена, откако играчот одлучил да прифати нов предизвик во азискиот фудбал.

Јевтоски пристигна во Струга во летото 2024 година и за две сезони остави значаен белег. Во Првата македонска лига одигра 54 натпревари, постигна шест голови и запиша седум асистенции. Првиот гол во дресот на стружани го даде против АП Брера на 31 август 2024 година.

Покрај настапите во домашното првенство, македонскиот фудбалер забележа три настапи во европските натпреварувања, како и шест во Купот на Македонија. Стрелец беше и во полуфиналето против Македонија Ѓорче Петров во сезоната 2024/25, кога Струга Трим Лум избори пласман во финалето.

По две успешни сезони во Струга, Јевтоски сега ќе има можност за првпат во кариерата да настапува во Индонезија, како нов член на ПСМ Макасар.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×