Разврска на ситуацијата: Алегри „раскина“ со Милан и потпиша со новиот клуб

by 24 фудбал
1 минути читање

Масимилијано Алегри не остана долго без работа по разделбата со Милан, искусниот италијански стратег и официјално ќе седне на клупата на Наполи.

Новинарот Фабрицио Романо потврди дека Алегри го потпишал договорот со клубот од Неапол, откако уште пред еден месец објави дека токму тој ќе биде новиот тренер на поранешниот италијански шампион.

Алегри си замина од Милан по разочарувачката сезона, а сега го презема Наполи со амбиција повторно да го врати во борбата за највисоките цели. Сепак, раскинувањето на договорот не одеше лесно бидејќи двете страни не сакаа да попуштат во преговорите.

Во својата тренерска кариера Алегри ги водеше и Јувентус, Каљари, Сасуоло, Гросето и СПАЛ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×