Растодер пред комплетирање на трансферот, наскоро потпишува!

by Стефан
1 минути читање

Македонскиот репрезентативец, Елмин Растодер е пред реализација на трансфер во Панатинаикос откако успешно ги завршил медицинските прегледи и денеска треба да стави потпис на договорот со грчкиот гигант.

Информацијата ја објави познатиот трансфер-експерт Фабрицио Романо, кој наведува дека сите детали околу договорот се веќе усогласени.

Според Романо, Растодер заедно со Де Вриј ќе го засилат тимот од Атина. Напаѓачот пристигнува од швајцарскиот клуб Тун, а во Атина веќе е пристигнат заедно со својот агент Филип Деген за да ја финализира преселбата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×