Силекс го засили тимот со Никола Манојлов од Работнички

by 24 фудбал
0 минути читање

Силекс продолжува да го засилува тимот пред стартот на новата сезона, а нов фудбалер на кратовци е Никола Манојлов.

Дваесетгодишниот македонски репрезентативец до 21 година пристигнува од Работнички, каде ја мина досегашната кариера. По испаѓањето на скопскиот клуб од Првата македонска фудбалска лига, Манојлов се реши за нов предизвик и кариерата ќе ја продолжи во дресот на Силекс.

Младиот фудбалер е производ на школата на Работнички и досега настапуваше исклучиво за младинските категории и сениорскиот тим на клубот, а сега за првпат ќе го носи дресот на друг македонски прволигаш.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×