Фудбалската репрезентација на Хаити испадна по групната фаза на Светското првенство, ама во последното коло го одигра најдобриот меч, иако загуби со 4-2 од Мароко.
Покрај тоа, играчите на Хаити дадоа два гола кои се меѓу најубавите во досегашната фаза на Мундијалот. Првиот беше дело на Лени Џозеф кој доби топка на петерецот и со пета атрактивно го матира Боно кому на крајот му беше впишан овој автогол.
По него за ново водство стрелаше и Вилсон Исидор. Напаѓачот на Сандерленд даде голчиште откосо во спротивниот агол.