Џенаро Гатузо и официјално е нов тренер на Лацио. Римскиот клуб го потврди неговото назначување по разделбата со Маурицио Сари по неуспешната сезона во Серија А.
„Клубот му посакува топло добредојде на новиот тренер и е уверен дека неговото искуство, професионалност и одлучност ќе помогнат во остварувањето на спортските цели“, соопштија од Лацио.
Гатузо во тренерската кариера ги водеше Милан, Наполи, Валенсија, Марсеј и Хајдук, а со Наполи го освои Купот на Италија во 2020 година. Последен ангажман му беше на клупата на италијанската репрезентација, а сега повторно ќе работи во клупскиот фудбал.