Реал ќе го откупи Нико Паз, ама нема да му даде шанса во Мадрид!

by 24 фудбал
1 минути читање

Реал Мадрид е на чекор да го врати Нико Паз, но не за да му даде шанса во првиот тим, туку за веднаш да го продаде и добро да заработи.

21-годишниот аргентински офанзивен играч за врска имаше одлична сезона во дресот на Комо и беше еден од најзаслужните за историскиот пласман на италијанскиот клуб во Лигата на шампионите.

Комо го купи Паз од Реал во летото 2024 година за шест милиони евра, но „кралевите“ задржаа право на откуп за девет милиони евра ова лето, односно 11 милиони следната година. Дополнително, Реал има право и на 50 проценти од евентуалниот трансфер доколку Комо го продаде на друг клуб.

Според Фабрицио Романо, Реал и Комо во четврток ќе имаат состанок на кој ќе се разговара за иднината на Аргентинецот. Планот на мадридскиот гигант е да ја активира откупната клаузула и потоа да го стави Паз на трансфер пазарот.

Матео Морето открива дека Реал размислува за продажба на фудбалерот за сума од околу 60 милиони евра, што би значело огромна заработка за клубот.

Минатата сезона Нико Паз одигра 40 натпревари за Комо на кои постигна 13 голови и забележа осум асистенции.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×