„Каталонците“ додале три нови имиња на листата со желби кога е во прашање засилување на нападот – Лаутаро Мартинез од Интер, Микел Ојарзабал од Реал Сосиедад и Душан Влаховиќ од Јувентус.
Роберт Левандовски го напушта Камп Ноу по крајот на сезоната, па Барселона летово ќе треба да донесе нов напаѓач.
Хулијан Алварез од Атлетико Мадрид беше главна трансфер цел, но зделката не бележи прогрес поради високата цена на Аргентинецот, како и интересот на ПСЖ, кој е подготвен да одвои 150 милиони евра.
Како план Б се посочува Жоао Педро од Челси, но и тука настанаа проблеми, Чаби Алонсо беше именуван за нов тренер и „сините“ нема да продаваат се додека тој не го анализира тимот.
Па иако шансите за Хулијан Алварез и Жоао Педро се уште постојат, Барселона сака што поскоро да го реши прашањето за нов напаѓач, по можност пред Светското првенство.
Затоа Жоан Лапорта и Деко разгледуваат и други опции, последните информации велат дека на листата се додадени три нови имиња.
Лаутаро Мартинез од Интер повторно е на радарот на Барселона, како и Микел Ојарзабал од Реал Сосиедад.
Душан Влаховиќ од Јувентус исто така се дискутира интерно, но е една од последните опции и покрај тоа што може да дојде беспари.