26
Актуелниот тренер на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа вели дека би бил среќен доколку кормилото од неговите раце го преземе Жозе Мурињо.
Познато е дека Арбелоа е Мурињиста, односно голем фан на Жозе Мурињо. Тој тоа никогаш не го криел, напротив со гордост го истакнувал.
Сега доаѓа момент да биде заменет од Мурињо, Арбелоа не тагува поради тоа, туку се радува.
„Жозе Мурињо е број еден. Отсекогаш сум верувал во тоа. Доколку биде тука следната сезона, ќе бидам многу среќен да го видам повторно дома“, рече Арбелоа.
Наводно доаѓањето на Мурињо е веќе договорено, се чека само погоден момент за тоа и официјално да се објави.