Македонскиот репрезентативец Елмин Растодер постигна нови два гола во неверојатниот натпревар меѓ Тун и Јанг Бојс, но неговиот тим претрпе тежок пораз од 8-3.
Тун веќе ја обезбеди сензационалната шампионска титула во Швајцарија, па дуелот против Јанг Бојс немаше резултатско значење. Сепак, публиката виде вистински голеадa, а Растодер уште на стартот двапати ја затресе мрежата, погодувајќи во 11. и 13. минута.
Иако домашниот состав рано направи пресврт, гостите до паузата успеаја одново да поведат и да го свртат резултатот па на полувреме заминаа со водство од 3-2.
Во продолжението следуваше вистински распад на играта на Тун, а Јанг Бојс постигна уште пет погодоци. Единствениот гол за домаќините во вториот дел беше дело на Бертоне.
Дополнителен проблем за шампионот беа и двата црвени картони. Бурки беше исклучен пред крајот на првото полувреме, додека Бемерт заработи црвен картон во вториот дел, па Тун мечот го заврши со деветмина на теренот.
Со новите два гола, Растодер стигна до бројката од 15 погодоци сезонава и моментно се наоѓа на третото место на листата на стрелци во шампионатот.